MobileMonday #7: Изработката на игри за мобилни уреди
Се враќаме по паузата за празниците. Следниов понеделник (06.02.2012) со особено задоволство ви најавуваме дискусијата на тема: изработката на игри и се што треба да знаеме пред да започнеме со тоа.
Презентер на настанот ќе биде Кирил Кироски кој моментално работи во I Sioux Taurus на позиција на Lead Game Programmer for iPhone/iPad и има 5 годишно искуство во областа на програмирање игри, од кои една година работи на игрите за iPhone и iPad . Пред новата година нивниот тим ја објави прва игра за iPhone – YoudaBeaver, а при крај се и со вториот дел од истата игра.
Теми кои ке бидат обработени на овој Mobile Monday Macedonia:
-Како изгледа процесот на правење игра.
-Платформи кои имат голема примена при изработката на iPhone игри.
-Програмески искуства со нашата прва игра.
Какои секогаш ве очекуваме во понеделник во 18.30 во клубот на новинари
