Развој на мобилни апликации во Македонија: Искуства и можности

May 06, 2011 2 Коментари by

Првиот MobileMonday настан во Македонија ќе се одржи на 9-ти мај (понеделник) во 18:30 часот во Клуб на новинари (види на мапа). Темата на настанот ќе биде: „Развој на мобилни апликации во Македонија: Искуства и можности“. Своите искуства во развојот на мобилни апликации на настанот ќе ги споделат Владимир Радевски, вонреден професор на Факултетот за Современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ко-основач е на конзорциумот ВАПА и ко-автор на првата iPhone апликација за комуникација на Балканот – iBalkans и Глигор Дачевски, извршен директор на CreationPal и автор на мулти платформската апликација SportyPal.

На настанот може да присуствува секој заинтересиран кој што сака да сподели нешто во областа на мобилната технологија или пак сака да научи нешто ново. Насмевнете се, се гледаме во понеделник!

Настани, Новости

За авторот

Основач на NewMediaMK. Зависник од мобилни телефони. Фотоновинар. Салса денсер :).

2 Одговори to “Развој на мобилни апликации во Македонија: Искуства и можности”

  1. Прв MobileMonday настан во Македонија | К О М У Н И К А Ц И И says:

    [...] со почеток во 18:30 ласот успеавме да го договориме првиот MobileMonday настан во Македонија. Се надеваме дека ќе бидат што е можно [...]

  2. wireless application laboratory @ II says:

    Мобилни апликации во Македонија се развиваат на ПМФ – ИИ (сега ФИНКИ) уште од пред скоро 10 години. Колку за информација: http://www.ii.edu.mk/wal …. Дел од овие мобилни апликации беа дури и користени во претходните изборни процеси, беа користени од студенти за преглед на испитни резултати итн.

Остави одговор